Атина, 24 јули 2014 (МИА) - ЕУ одобри спасувачки план за Националната банка на Грција и Банка Пиреос , со што се предвидува преструктуирање и помош на овие две финансиски институции, со цел да се зајакне нивната стабилност.
Планот е продолжение на напорите на ЕУ за зголемување на ликвидноста на двете банки, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Спасувачкиот план за двете грчки банки е согласно нормите на Унијата за помош на банкарскиот сектор.