Гевгелија ќе добие нов модерен спортски комплекс

Гевгелија, 24 јули 2014 (МИА) - Гевгелија наскоро ќе добие нова сала за кошарка која ќе биде во состав на модерен спортски комплекс заедно со сала за фитнес,отворено кошаркарско игралиште,фудбалски терен и трим патеки.

Комплексот е лоциран во близина на градот, во Негорски бањи, а негов инвеститор е конфекцискиот гигант „Ноел“ од Гевгелија.

- Салата ја градиме според строгите правила на ФИБА.Таа е во завршна фаза, целосно е уредена.Нејзиниот капацитет ќе изнесува 500 седишта и ќе биде наменета за подготовка на првиот тим на прволигашот „Кожув“ за настапи на младите кошаркари,но и за одржување други натпревари, рече претседателот на клубот,Томица Главчев.

Тој појасни дека на покривот на салата ќе бидат поставени панели за напојување со енергија од сончевите зраци. Пред почетокот на новото кошаркарско првенство ќе биде освежена и спортската сала 26-ти април во Гевгелија, каде што „Кожув“ ќе продолжи да ги игра натпреварите на домашен терен.

Главчев информира дека на местото на стариот ќе се постави нов паркет според светските кошаркарски стандарди и нови кошеви кои ќе се монтираат на паркетната подлога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...