Пречистителна станица во Кочани со швајцарска донација

Кочани, 24 јули 2014 (МИА) - Општина Кочани добива систем за собирање и третман на отпадните води вреден 23 милиони швајцарски франци, донација на швајцарската федерација, а е заеднички проект на Владата на Република Македонија и Министерствотро за животна средина и просторно планирање, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

- Проектот предвидува изградба на пречистителна станица за отпадни води која ќе ги опфаќа колекторските системи од градот и уште шест населени места од општината, потоа изградба на главен колектор од градот до локацијата предвидена за пречистителна станица и набавка на опрема за работа и одржување на канализациската мрежа. Овие зафати ќе чинат 23 милиони швајцарски франци, најголема швајцарска инвестиција досега во државата, од кои околу 2 милиони обезбедува Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Кочани, истакна Димитровски.

Тој додаде дека проектот кој ќе се реализира во оваа и во наредната година е од извонредна еколошка важност бидејки со третманот на отпадните води од Кочани, реката Брегалница ќе добие чиста вода која ќе биде безбедна за користење во водоснабдување, за пиење, за наводнување на земјоделски површини и воспоставување на водниот баланс и заштита на еко системот.

На новинарско прашање дали и соседните општини Виница и Зрновци ќе можат да се приклучат на пречистителната станица, Димитровски истакна дека таа е димензионирана да ги прифати и водите од овие општини, но за тоа ќе треба да се изработи дополнителна студија.

Инаку, Швајцарската влада обезбеди консултантска куќа која од денеска веке работи на изработка на проектот пречистителна станица во Кочани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...