Во Велес се гради тротоар помеѓу населбите Тунел и Превалец

Велес, 24 јули 2014 (МИА) - Во Велес во тек е изградбата на бекатонски тротоар во должина од 650 метри помеѓу двете велешки маселби Тунел и Превалец, инвестиција вредна 1 милион и 800 илјади денари обезбедена од општинскиот буџет.

Увид во изведбата на работите денеска направи градоначалникот на Општина Велес,Славчо Чадиев кој потенцира дека со ова во дело го реализира предизборното ветување на жителите од населбата Превалец.

Тој информира дека овој тротоар е дел од градежната програма за општината за 2014 и е од исклучителна важност за жителите од овие населени места.

- Тротоарот е од голема важност бидејќи ќе овозможи безбедно движење на пешаците на овој дел на периферијата на Велес.Запазени се сите процедури и нема никакво одземање од постоечкиот патен коловоз, а со за што сите возила ќе можат непречено да сообраќаат како и досега, потенцира Чадиев.

Градоначалникот Чадиев најави дека во наредниот период ќе го зајакнат и осветлувањето во овој дел од градот, а тим на Општина Велес прави нацрт-проекти за градење на ваков тротоар и на потегот накај реката Бабуна од населеното место Долни Дуќани накај манастирот „Св. Димитрија“.

- Мора да се има предвид и разбирање затоа што тој предел е доста проблематичен и оти патот е регионален, па потребни се поголем број на дозволи, потенцира Чадиев.

Во план се и градењето на велосипедски патеки кон езерото „Младост“ и кон реката Бабуна, затоа што, нагласи тој, велешани овие две локации ги користат за рекреација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...