Придонеси на хонорарци се плаќаат во 95 % од државите во Европа

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Од законските измени со кои на работниците со договор на дело или авторски договор работодавачот ќе мора да им плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување ако имаат поголеми примања од минималната плата, ќе бидат задоволни голем број лица, смета премиерот Никола Груевски.

Според Груевски, измените уследиле по поплаките дека  токму избегнувањето плаќање придонеси од сопствениците на компаните  е причина работниците да не добијат вработување на определено време, но и праксата за плаќање придонеси во европските држави.

- Во минатиот период забележавме и имавме поплаки од многу луѓе дека тие не добиваат вработување на определено време само со цел сопствениците на компаниите да го избегнат плаќањето на придонесите. Од друга страна, проверивме како е низ другите земји во Европа и констатиравме дека околу 95 проценти од земјите имаме ситуација во која се плаќаат придонеси на хонорарците, изјави Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања, по почетокот на градежните активности за проширување на булеварот „Партизански одреди“.

Ќе се воедначиме, нагласи, со најголем дел од земјите во Европа и истовремено ќе ја скратиме можноста за многу луѓе да не можат да добијат договор на определено време само затоа што нивните работодавачи сакаат да избегнат плаќање на придонеси. - На тој начин дојдовме до идеја да се донесе овој закон и мислам дека ќе биде на задоволство на огромен број луѓе кои поради оваа причина се уште не се вработени, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...