ММФ ја намали прогнозата за глобалнииот економски раст

Вашингтон, 24 јули 2014 (МИА) - Меѓународниот монетерен фонд (ММФ) ја намали својата прогноза за растот на глобалната економија и предупреди на геополитичките ризици со кои таа се соочува.

Според најновата проценка на ММФ, што беше објавена денеска, глобалниот бруто домашен производ (БДП) во текот на оваа година ќе порасне за 3,4 проценти. Претходната прогноза, од април годинава, предвидуваше раст од 3,7 проценти.

ММФ очекува економијата на САД, најголемата светска економска сила, во 2014 година да порасне за само 1,7 проценти, што е најнисок раст од завршувањето на рецесијата од пред пет години. Ова е значително намалување на растот во споредба со претходната прогноза од 2,9 проценти и се должи главно на драстичниот пад на американскиот БДП од 2,9 отсто во првиот квартал од годинава.

Фондот драстично ги намали и своите очекувања за економскиот раст на Русија, на само 0,2 проценти. Главната причина за тоа е украинската криза, која доведе до значително намалување на странските инвестиции во земјата.

ММФ, исто така, за 0,2 процентни поени на 7,4 проценти ја намали и својата прогноза за растот на БДП на Кина. Ако оваа прогноза се оствари, втората по големина светска економија ќе го регистрира својот најслаб раст во последните 25 години.

Геополитичките ризици во Украина и на Блискиот Исток претставуваат закана на глобалниот економски раст, што и без тоа веќе го загуби темпото поради забавувањето на двете најголеми светски економии, американската и кинеската, предупреди ММФ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...