Нов бунар за вода за пиење во Кочани

Кочани, 25 јули 2014 (МИА) - Расте потрошувачката на вода од градскиот водоснабдителен систем на Кочани од кој со вода за пиење се снабдуваат градот и уште шест населени места во општината. Дневната потрошувачка на вода се движи од 170 до 200 литри вода во секунда.

- И покрај високите температури и зголемената потрошувачка, рестрикција на водата за пиење ќе нема. Бунарскиот систем кај  Грдовски орман располага со 240 литри вода во секунда. За зголемување на водоснабдувањето на населението, деновиове реализираме нов експлоатационен бунар за вода од кој ке обезбедуваме дополнителни 30 литри вода во секунда, истакнува Љупчо Папазов,директор на КЈП„Водовод“ од Кочани.

Новиот бунар е сопствена инвестиција на КЈП „Водовод“ и со неа ќе се обезбедат  вкупно 270 лиутри вода во секунда што е задоволително и во најекстремните сушни периоди од годината за квалчитетно водоснабдување. Според  Папазов,  со вакви расположиви количини на вода рестрикција во водоснабдувањето на Кочани ќе нема, освен каде што има технички проблеми и ненадејни дефекти на водоснабдителниот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...