За 35 % зголемени приходите од патарини во изминатите 20 дена

Скопје, 25 јули 2014 (МИА) -  За 35 проценти е зголемен износот на прибраните средства  од наплата на патарините од 11-ти овој месец, кога настана промена во цената со враќање на износот од пред стапувањето во сила на антикризните мерки, покажуваат податоците на Јавното претпријатие  за државни патишта.

- Ако средствата се зголемени за 35 проценти, а враќањето на цените од пред 2008 години беше некаде од 27 до 32 проценти, имаме  зголемување на сообраќајот колку разликата, од 5,9 проценти. Кај регистрацијата имаме зголемување од над 40 проценти, што значи дека доста од граѓаните во овој период ги регистрираат  возилата, рече директорот на Јавното претпријатие  за државни патишта Љупчо Георгиевски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната презентација на мобилна апликација за следење на состојбата на патарините и граничните премини. 

Апликацијата, што за ЈП за државни патишта бесплатно ја изготви дипломираниот економист од Тетово Даниел Радевски, се очекува да биде корисна особено во екот на летната сезона кога се создаваат метежи на патарините и премините од туристичките бранови кон југ и останатите туристички дестинации во државава и странство.

Во туристичкиот бран што обично се повторува во  викендите, според Георгиевски, најударни наплатни станици  се Романовце на влезот во државата веднаш после Куманово и Градско после Велес. 

- Праксата покажува дека имаме гужви во попладневните и вечерните часови и утре по девет часот. Според информациите од соседните држави ако  во Србија, Хрватска... се чека по час или два на одредени патни правци кон туристичките дестинации, кај нас тоа е од пет и во најлош случај до 20 минути, рече Георгиевски.

Патарините, напомена, се проектирани пред многу години кога е граден автопатот и  според тогашната проценка за бројот на возила.

- Веќе имаме изготвено проектна документација и чекаме да биде активен проектот финансиран од Европската банка со што патарината кај тесното грло во Романовце треба да биде поместена 300 метри кон Куманово, а сегашните четири патарините премини да се зголемат на девет. Истото треба да се случи и кај Градско, а секако  предмет на реконструкција ќе бидат и сите останатите патарини, истакна Георгиевски.

Во модернизацијата на патарините ќе бидат инвестирани 15 милиони евра. Шесте меѓународни апликанти на тендерот за таа намена во втората половина на август треба да достават понуди со цени. Се очекува кон крајот на септември да биде потпишан договор со тој што ќе понуди најниска цена, а веднаш потоа  да се активира одобрениот кредит и реконструкција, што треба да се изврши во период од 18 месеци, најави Георгиевски.

Он-лајн услугата со апликацијата за состојбата на патарините и граничните премини е бесплатна и е прилагодена за паметни телефони и таблети. Покрај преглед на 23 видеокамери на наплатните станици и граничните премини,  содржи и калкулатор за растојание помеѓу две дестинации во Европа и извештаи за состојбата на патиштата низ државата. Достапна е верзијата на македонски јазик, а набрзо се најавува и на англиски и на албански јазик.

Од денеска попладне на граничните премини ќе се делат и флаери со  карта и преглед на патарините со износот на цените. На флаерот возачите добиваат информација дека наплатните станици во Македонија патарината се наплаќа во денари, евра, или со платежни катрички. За поедноставен и поповолен начин на плаќање на патарините, се предлага на граничниот премин да се изврши замена на девизните валути во денари.

 - За оние што сакаат да плаќаат во евра  имаме посебна  цена бидејќи во неа е внесена  провизијата што ја земаат странските банки бидејќи 90 проценти од парите се метални, појасни Георгиевски. Кај фискалните сметки, укажа, строго се води евиденција од УЈП и на сметката стои цената на патарината во денари и во евра зависно како е платена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...