Во јуни поповолна состојба во преработувачката индустрија

Скопје, 25 јули 2014 (МИА) - Економската состојба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е поповолна, а понеповолна споредено со јуни лани, оценуваат раководителите на фирмите од преработувачката индустрија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни во однос на мај оценката на раководителите за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна. Оценката за обемот на производството во јуни  годинава е на исто ниво како и во мај годинава, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а за бројот на вработени се исти како и во мај.

Во јуни годинава залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јуни споредено со мај годинава се зголемени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни годинава изнесува 61,2 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јуни  имале недоволната странска побарувачка со 25,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,8 проценти, неизвесното економско опкружување со 7,8 проценти и финансиските проблеми со 7,6 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...