Колку ќе загуби Турција

Анкара, 26 јули 2014 (МИА) - Хаосот во Ирак ќе ја чини Турција меѓу две и 2,5 милијарди долари трговски загуби во текот на оваа година, но на долгорочен план ефектот од овие загуби би бил незначителен, освен ако состојбата не се влоши драматично, оценуваат турските економски експерти.  

Ирак е вториот по обем пазар за извоз на турски стоки и оваа година пласманот на производи од Турција во оваа земја само во текот на јуни се намалил за 19,3 проценти на 745 милиони долари.

- Ако конфликтот не прерасне во вистинска војна, целокупната штета ќе биде ограничена на околу две милијарди долари, која лесно може да се покрие имајќи предвид дека вкупниот турски извоз изнесува 166 милијарди долари, вели економистот Муамер Ќомурџоглу.

Според прогнозите на експертите од турското Министерство за економија, трговските загуби на Турција поради конфликтот во Ирак годинава ќе изнесуваат околу 2,5 милијарди долари.

Министерството предвидува турскиот извоз годинава да порасне на 166.5 милијарди долари, што би претставувало зголемување за 10 отсто во однос на лани, кога беа остварени 151,8 милијарди долари од извоз и Туција имаше трговски дефицит од речиси 100 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...