Рифаи во Македонија

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи престојува во официјална посета на Република Македонија.

На покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски,  Рифаи е во Македонија од 27 до 30 јули. Предвидено е Рифаи да се сретне со премиерот Никола Груевски и да му предаде отворено писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот при неговото унапредување и развој.

Генералниот секретар Рифаи ќе оствари повеќе средби со претставници од надлежните институции во областа на туризмот. На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска попладне ќе одржи предавање за современите трендови во развојот на светскиот туризам.

Со Стопанската комора за туризам на Македонија ќе бидат потпишани и Заложбите на приватниот сектор кон Глобалниот код за етика во туризмот на Светската туристичка организација.

Рифаи вчера го посети Охрид и се сретна со заменик-градоначалникот на оваа општина Ангел Јанев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...