Грција веројатно ќе бара нов кредит

Атина, 29 јули 2014 (МИА) - Дури и без меморандум за кредити, Грција останува под надзор, но овој пат на пазарите кои ќе ја заменат „тројката“ меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ, ММФ), доколку се прeтпостави дека земјата нема да бара помош од Европскиот механизам за поддршка, се наведува во извештај на Бирото за буџет на грчкиот Парламент.

Сепак, како што пренесува весникот „Имерисија“, во извештајот се почува дека Грција најверојтно ќе мора да бара нов кредит од Европскиот механизам за поддршка или од некоја друга меѓудржавна институција.

- Економската конјуктура е на добар пат да се подобри, но несигурноста останува, сметаат авторите на извештајот за грчката економија, што го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година.

Тие проценуваат дека динамиката на раст се уште е слаба и покрај надминувањето на рецесијата. - Има многу извори на оваа несигурност, предупредуваат од Бирото за буџет.

Според нив, има шест основи за ваквата несигурност.

Прво, и покрај извршената докапитализација, не е решено прашањето со грчките банки,  бидејќи и натаму виси проблемот со нефункционалните кредити, кои продолжуваат да растат и да ги ограничуваат кредитните можности на банките.

Второ, доцнењата при спроведувањето на реформите можат повторно да предизвикаат раст на каматите на кредитите за земјата.

Трето, инвестициите и натаму опаѓаат.

Четврто, финансиското заздравување на Грција и натаму е пат исполнет со пречки.

Петто, државниот долг на Грција виси како Дамоклов меч врз грчката економија и сериозните локални и странски инвеститори ги прави се порезервирани.

Авторите на извештајот уште предупредуваат дека во Грција продолжува да „цвета“ неплаќањето даноци и покрај досега преземените мерки за спречување на оваа појава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...