Две нови ТИРЗ во Виница и Берово

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) -  Владата донесе одлуки со кои се предвидува основање на две нови технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) во источна Македонија, од кои едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата кај Берово.

Зоната во Виница, како што најави денеска владиниот протпарол Александар Ѓорѓиев, ќе биде лоцирана во месноста викана Поповец на 4 до 5 километри од градот и ќе се протега на површина од 20 хектари. ТИРЗ Берово, пак, ќе биде на регионалниот пат Берово-Дабиле на јужниот излез од градот и ќе зафака  површина од околу 17 хектари.

- Се очекува во текот на август да бидат распишани постапки (два посебни тендера)  за изнаоѓање на економски оператор, односно компанија која ќе биде задолжена да ги изгради зоните во Виница и Берово, рече портпаролот Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во септември се очекува да почнат градежните активности во зоните, а најкасно до крајот на годинава да заврши првата фаза од изградбата на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово и да се создадат услови да можат да се привлекуваат странски компании во рамки на зоните.

- Со нивната иградба се врши диверзификација на можностите и условите за привлекување странски компании и нивно лоцирање во источниот дел  од Република Македонија што ќе биде од големо значење за локалниот економски развои и за зголемување на вработеноста. За завршетокот на првата фаза од градбата на двете зони се предвидени  еден милион евра или по околу 500 илјади евра за секоја посебно. Добро е македонските компании да земат учество на овие тендери и да се здобијат со можност да се вклучат во изградбата доколку ги исполнуваат условите, рече Ѓорѓиев.

Во текот на наредниот месец, нагласи, се очекува да почнат градежните активности за изградба на ТИРЗ Струга на површина од 30 хектари и ТИРЗ Радовиш со околу 10 хектари, на која, како што рече, ќе биде поставен камен-темелник во текот на следните неколку дена. Во текот на минатата недела е распишан и тендер за избор на компанија која  ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце која се протега на 40 хектари.

- Со основањето на ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница и фазите за нивен почеток за градба и со почетокот на градба на ТИРЗ Радовиш и ТИРЗ Струга, како и со објавата на тендерот за изградба на ТИРЗ Ранковце веќе се заокружуваат 14 ТИРЗ од вкупно  15-те предвидени во Програмата за работа на Владата. Петнаесеттата зона, која треба да биде лоцирана во Делчево, се очекува да биде комплетирана до крајот на годинава, односно да биде деонесена одлуката за основање на ТИРЗ Делчево, да биде објавен тендер, да се избере компанија и да се отпочне со градба. До крајот на првиот квартал од идната година се очекува да биде звршена и првата фаза од ТИРЗ Делчево, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...