Просечната нето-плата во мај 21.483 денари

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесува 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,9%), Градежништво (8,2%) и Административни и помошни услужни дејности (6,4%), како и на повисоката бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,1%), Градежништво (7,6%) и Административни и помошни услужни дејности (4,9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25,3%), Информации и комуникации (5,1%) и Стручни, научни и технички дејности (4,5%). Кај бруто-платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%) и Информации и комуникации (3,5%).

Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...