Растот на индустриското производство добар показател

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Државниот завод за статистика денеска објави дека индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, што е одличен раст и е добар показател за развој на економијата.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“. 

Индустриското производство во првото полугодие од оваа година, како што рече премиерот, во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто.

- Растот на индустриското производство  е одличен тренд. Пред некое време ги видовме и другите податоци што излегоа како што се за прометот во индустријата, за бруто домашниот производ и за извозот и многу други параметри, рече Груевски и додаде дека се наоѓаме во време кога економијата, особено индустријата има одличен развоен тренд.

Работиме на тоа, истакна премиерот, тој тренд да трае подолго, повеќе да опстојува и да расте.

- Секако тоа не зависи од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со  кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека и овој тренд ќе биде што подолг, што секако ќе се одрази на нашата крајна цел, а тоа е отворање на нови работни места во Република Македонија, нагласи премиерот Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...