ЕУ санкциите против Русија нема да влијаат на чешката економија

Прага, 30 јули 2014 (МИА) - Чешка при одлучувањето во вторникот за економските санкции против Русија, постапуваше на начин за да помогне во одржување на единствената постапка на целата Европска унија кон Русија, а во исто време што повеќе да ја заштити домашната економија и работните места. Ова се вели во денешното соопштение, испратено од чешкиот премиер Бохуслав Соботка, во врска со договорениот пакет економски санкции на ЕУ против Русија заради нејзината постапка во кризата на Украина, а кои се однесуваат на пристапот на руските државни банки на финансиските пазари, трговијата со оружје и пристапот на напредни технологии за нафтената индустрија.

Санкциите ќе влијаат и на трговијата со стока со двојна употреба во цивилниот и воениот сектор. Според Соботка, договорените санкции нема да имаат големо влијание врз чешката економија и додава дек се надева дека нема да бидат потребни понатамошни мерки и дека ќе преовладува разумот и дипломатијата, јави дописникот на МИА од Прага.

- Ниту за ЕУ, ниту за Русија, во иднина не е корисно да влеземе во трговска војна и на источната граница на Украина да никне стопанска или политичка железна завеса, рече премиерот.

Според министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек, Владата засега нема проценки какво специфично влијание ќе имаат новите санкции вез чешките фирми. Според него, тоа многу ќе зависи од одговорите на Русија на преземените мерки.

 Опозициските партии сметаат дека изјавата на премиерот е само алиби.

- Алибито кое си го обезбедува премиерот е неразбирливо. Ако санкциите бидат успешни и ако Русија ги почувствува и ако врз таа основа ја смени својата политика, тогаш логично на некој начин може да влијаат и на тие кои санкциите ги воведуваат, изјави претседателот на најголемата опозициска партија Петр Фиала.

Чешките експерти пак, се убедени дека противруските санкции нема значително да влијаат на чешката економија, бидејќи гранките на кои се однесуваат истите не се клучни за развој на домашната економија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...