Домашната економија и натаму засилено закрепнува

Скопје, 31 јули 2014 (МИА) - Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница го разгледа најновиот Квартален извештај и заклучи дека домашната економија и натаму засилено закрепнува, во услови на ниска инфлација и зголемена кредитна поддршка од страна на банкарскиот сектор.

Во текот на вториот квартал на 2014 година, Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 3,25%. Ваквата одлука беше заснована врз најновите макроекономски проекции од април и последните остварувања кај клучните макроекономски и финансиски показатели. Анализите покажаа  дека во услови на задржување на соодветното ниво на девизни резерви, намалени инфлациски притисоци и зајакната кредитна поддршка од страна на банкарскиот сектор, веќе се создадени предуслови за одржливо закрепнување на приватниот сектор и без дополнителен монетарен стимул, се вели во соопштението од НБРМ.

Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи состојбите, заради навремено и соодветно приспособување на монетарната политика.

Клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се движеа во согласност со проекциите од априлскиот циклус. Бруто домашниот производ оствари годишен раст од 3,9%, што е повисока стапка на раст од очекуваната за првиот квартал. Главен двигател на растот и натаму е извозниот сектор, како ефект од зголемената активност на новите производствени капацитети во технолошко-индустриските развојни зони и постепеното засилување на надворешната побарувачка.

Во текот на вториот квартал, домашните цени се намалија за 0,9%, во просек, на годишна основа. Ваквите остварувања укажуваа на значително пониски инфлациски притисоци во однос на очекувањата, главно како резултат на фактори на страната на понудата, односно на надолните отстапувања во динамиката на светските цени на храната и на нафтата и нивните ефекти пренесени врз домашните цени. Забавување беше забележано и кај базичната инфлација, којашто во вториот квартал изнесува 0,7%, во просек. Цените на недвижностите на домашниот пазар забележаа зголемување, по негативните поместувања во претходните два квартала. Имајќи ги предвид остварените движења и најновите ревизии на влезните надворешни претпоставки, ризиците околу проекцијата на инфлацијата од 1% за 2014 година се оценуваат како претежно надолни.

И во текот на вториот квартал, банките ја обезбедуваа поддршката на економското закрепнување преку натамошен раст на кредитирањето на приватниот сектор. Новото кредитирање во овој период во поголем дел беше насочено кон домаќинствата, при натамошна кредитна поддршка и кон корпоративниот сектор.

Движењата на девизниот пазар беа во согласност со очекувањата, при што девизните резерви и натаму беа на соодветното ниво за апсорбирање на евентуалните непредвидени шокови. Во однос на ризиците околу идните движења, и во овој период беше оценето дека тие се главно од надворешна природа и се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и на движењето на светските цени на храната и на енергијата.

Општо земено, последните остварувања укажуваат на одржување на соодветното ниво на девизни резерви, намалени инфлациски притисоци и зајакната кредитна поддршка на економскиот раст од страна на банкарскиот сектор, стои во соопштението од НБРМ.

На седницата, Советот на Народната банка го разгледа и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во првиот квартал од 2014 година. Заклучено беше дека банкарскиот систем, и во услови на надворешно опкружување исполнето со големи предизвици, успеа да ја задржи својата ликвидност и солвентност, а со тоа и својата стабилност и сигурност. Вкупната актива на банкарскиот систем растеше и на квартално и на годишно ниво, но со различен интензитет.

Денарските долгорочни депозити на секторот „домаќинства“ беа носители на растот на депозитната активност, со што продолжи трендот на позитивни промени во валутниот и во рочниот профил на изворите на средства на банките.

Во првиот квартал од 2014 година банкарскиот систем оствари добивка, со што беше прекинат неколкугодишниот тренд на остварување негативен финансиски резултат во овој период од годината.

На 31 март 2014 година, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 11,1%. Сепак, по пресечниот датум на овој извештај, односно на крајот на мај 2014 година, стапката на нефункционалните кредити се врати на просечното ниво за 2013 година од 11,9%. Кредитниот ризик и натаму е најприсутниот ризик во банкарскиот систем на Република Македонија, но целосната покриеност на нефункционалните кредити со вкупната исправка на вредноста ја намалува опасноста од нивната ненаплатливост за солвентноста на банките.

На 31 март 2014 година, стапката на адекватност на капиталот е двојно повисока од законски пропишаниот минимум и изнесува 16,6%. Ликвидноста и натаму јакне, што главно се должи на зголемените вложувања на банките во државни записи, коишто покрај тоа што се нискоризични, претставуваат и соодветен инструмент за управување со ликвидноста. Близу една третина од активата на банките се ликвидни средства, коишто обезбедуваат висока покриеност на краткорочните обврски на банките. Особено е значајно тоа дека македонските банки, општо, не зависат од користењето заеми од своите матични субјекти, чијшто износ и дополнително се намали во првиот квартал од 2014 година.

Советот на Народната банка донесе и нова Одлука за содржината на ревизијата на годишните финансиски извештаи и на работењето на банка. Донесувањето на оваа одлука е резултат на потребата за усогласување со последните измени на Законот за банките во однос на опфатот на ревизијата на работењето на деловните банки, при што најзначајната измена се однесува на проширувањето на опфатот на ревизијата со процесот на интерното утврдување на капиталот.

Со дополнувањето на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство, донесено од страна на Советот, им се овозможува на резидентите коишто отвориле сметка во странска банка да можат слободно да вршат трансфери на средства од и во Република Македонија, не само со земјата каде што резидентот има регулирано привремен престој, односно има важечки документ за работа, туку и со земјите коишто се дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

Советот, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите и претходно донесените одлуки за издавање, ги усвои одлуките за пуштање во оптек на кованите пари за колекционерски цели „Вага“ и „Скорпија“, од серијата „Хороскопски знаци“, во апоен од 10 денари. Кованите пари за колекционерски цели се пуштаат во оптек почнувајќи од 15 август 2014 година, соопшти НБРМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...