ХОТАМ бара субвнционирање туристи од околните земји

Струга, 31 јули 2014 (МИА) - Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ бара измени на Правилникот за субвенционирање странски туристи со што земјите од нашето опкружување ќе бидат третирани на бенифициран начи.

Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески денеска на прес-конференција во Струга рече дека со измените предлагаат субвенционирањето за донесен патник од околните земји да биде 45 евра. Субвенционирањето, нагласи, да биде исклучиво за патниците што ќе бидат превезувани со туристички чартер летови или во помали групи ќе можат да пристигнуваат во Република Македонија со редовниот авионски превоз.

Ваквото барање, според, Танески, е поради намалениот број туристи од околните земји.

- На овој начин сакаме да им помогнеме на тур операторите да инвестираат во туристички чартер летови со кои би ја зголемиле посетеноста на гостите од овие земји. Имаме најави од туроператори од Турција и Полска, доколку субвенциите бидат во овој износ, наместо да инвестираат во автобуски линии и гостите кога ќе пристигнат да бидат измрцварени да воспостават чартер летови. Други дестинации од каде има заинтересирани се и Босна и Хергеговина и романскиот пазар, рече Танески.

Тој изрази надеж дека со заедничкото работење на Агенциајта за промоција и поддршка на туризмот, туристичките агенции и присуството на туристички манифестрации, саеми и презентации, ќе се воспостават повеќе чартер летови.

За рамномерен развој на сите туристички региони, пратеничката Лилјана Поповска смета дека Министерството за економија треба да направи анализа на резултатите од досегашните владини мерки.

Министерството, додаде Поповска, треба да пријде кон изработка на нова стратегија за развој на туризмот, бидејќи старата престанала да важи во 2013година.

- Дополнително Министерството за економија треба да подготви и стратегија за развој на туризмот во Охридско- струшкиот регион, како носечки регион за туризмот во Македонија и секако тоа треба да биде проследено со стратегии и во другите региони.Она што би требало да биде нова задача на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во следниот период според мене е регионализација на таа агенција. Треба да се формира мрежа на подрачни канцеларии во секој регион посебно за да може да имаме рамномерен регионален развој на туризмот низ цела Македонија, нагласи Поповска.

Ефектите од субвенционирањето од 2011 година даваат позитивни резултати смета заменик претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески Ефектот.

- Сметам дека треба да се направи подолгорочна стратегија каде и на кои правци да се обрне повеќе внимание. Да се субвенционираат некои летови, да се искористи Охридскиот аеродром , да се помисли околу водениот транспорт, да се внесат еколошки бродови кои нема да го загадуваат езерото, тоа ќе ни биде многу поефтина варијанта на вложување отколку да размислуваме да правиме автопати, рече Блажески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...