Намалени цени на катастарски услуги и геодетски елаборати

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Од 18 овој месец граѓаните ќе плаќаат за 16,1 процент пониски цени за услуги при користење и увид во податоците од геодетско  катастарскиот систем и за 10,1 процент помалку за геодетски елаборати од приватните геодетски фирми.

Новите цени се утврдени со тарифниците за висината на надоместите за користење и увид во податоците на геодетско катастарскиот информациски систем  и  за извршените геодетски работи од што ги  изготви Агенцијата за катастар на недвижности и ги одобри Владата.

За документите што се добиваат во електронска форма намалувањето на цените е за 19,3 проценти,  а кај цените во хартиена форма има просечно намалување на цените од 14,5 проценти. Кога податоците се во електронска форма, а барателот сака да се издадат во хартиена форма кај дел од производите покрај намалување има и благо зголемување, рече денеска на прес-конференција директорот на  Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

За добивање имотен лист, наместо 175 денари, за хартиена форма ќе се плаќа 180 денари, а за електронска 150 денари, односно за 25 денари помалку. За 32 денари ќе биде пониска цената на копијата на катастарскиот план, што сега е 215 денари.

Новина во тарифникот, како што наведе Трпески, се имотниот лист за инфраструктуни објекти, за кој за хартиена форма ќе се плаќа 226 денари, а за електронска верзија 194 денари. Извод од катастарски план преклопен со план на инфраструктурни објекти ќе чини 366 денари, додека список на катастарски парцели низ кои поминува инфарструктурен објект 50 денари.

За тарифникот за висината на надоемстот за користење  и увид на податоците од геодетско катастарскиот информациски систем има 154 производи од кои 88 се издаваат во електронска форма и 66 во хартиена форма.

Според Трпески, за 10 проценти помалку ќе чини геодескиот елаборатот  за легалзиација на дивоградба  со површина од 50 до 100 квадратни метри, односно сегашната цена од 4.100 денари се намалуваат на 3.688 денари. За дивоградбите пак со површина од 100 до 300 квадратни метри има намалување на цената за 8 проценти и наместо 7.940 ќе се плаќа 7.333 денари.

За 30 проценти е намалена цената на елаборатот за обележување градежна парцела за реализација на урбанистички план за 100 метри квадратни и наместо 8.200 денари ќе изнесува 5.756 денари.

За 12 проценти помалку ќе се плаќа за изработка на основен елаборат за запишување на права на недвижности со премер на внатрешна површина, вклучувајчи и габаритен премер, за површина од 150 квадратни метри, односно цената се намалува од 6.350 на 5.618 денари.  За основна физичка делба на две парцели услугата за изработка на  геодетски елаборат поевтинува за 28 проценти, а за наредна новоформирана катастарска парцела за 15 проценти.

Во тарифникот, информира Трпески, се опфатени и нови ставки, за елаборати за ажурирање на податоците во функција на усогласување на податоците од катастарот со фактичката состојба, при што за граница од 30 метри должни ќе се плаќа 2.862. Важен елаборат со новата можност од законот за градење онаму кадешто нема урбанистички планови да може да се откупува земјиштето само под објект.  Цената на овој елаборат за 50 метри квадратни изнесува 2.066 денари.

- При изработката на тарифникот се обезбедени реални трошоци на приватните геодетски фирми,  од УЈП податоци за пријавени и оданочени приходи и трошоци, од Агенцијата за вработување број на вработени лица во секоја геодетска фирма, а од МВР податоци за бројот на регистрирани моторни возила на тие фирми, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Најдоцна до 18 овој месец, потсети Трпески, ќе почне примената на измените на Законот за катастар на недвижности со кои Катастарот ќе изготвува бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за лицата корисници на социјална и постојана парична помош и за лица со ниски примања до 168.000 денари на годипшно ниво. Тие треба да се обратат до центрите за социјална  работа и Управата за јавни приходи за да обебзедат потврда за докажување на стаусот и да почнат да поднесуваат пријави до катастарот за изработка на елаборати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...