Во населбата Оризари крај Кочани забрзано се работи на изградба на детска градинка

Кочани, 1 август 2014 (МИА) - Во населбата Оризари крај Кочани забрзано се одвиваат работите за изградба на просториите на новата детска градинка. Се работи на преадаптација на 200 метри квадратни корисна површина во приземјето на зградата од поранешната општина Оризари, сега сопственост на општина Кочани.

- Детската градинка во Оризари е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 14 детски градинки во руралните средини. Општина Кочани во изградбата на детската градинка учествува со поставување на водоводна, канализациона и електрична мрежа. Останатите трошоци за адаптацијата на просторот кој е сместен во центарот на населбата Оризари, се на товар на Министерството за труд и социјална политика, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

Новата детска градинка во која ќе бидат згрижени 50 дечиња од Оризари со работа ќе започне во септември оваа година. Инаку, ова е втора детска градинка во општиона Кочани по онаа која веќе работи во село Бели со капацитет од 30 дечиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...