Потпишани договори со четири општини за водоснабдување и фекална канализација

Скопје, 19 август 2014 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска потпиша договор со градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија за проектот „Фекална канализација на главна улица бр. 101 на населено место сeло Добридол, општина Врапчиште“ (во должина од 620 метри), чија вредност е три милиони денари.

Изаири, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, потпиша договори и со градоначалникот на општина Липково, Садула Дураки за проектот „Доводен цевковод од акумулација Глажња до филтер станица Липково“ во висина од десет милиони денари, со што ќе се обезбеди квалитетна вода за пиење за жителите на општината, како и со градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари за проектот „Регулација и уредување на коритото на големиот поток во село Стрелци, општина Кичево“ чија вредност е четири милиони денари.

Врз основа на Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2014 година, министерот Изаири на 15 август потпиша Договор со  градоначалникот на општина Желино, Фатмир Изаири за проектот „Изградба на секундарна мрежа за водоснабдување до приклучок за н.м. Стримница, општина Желино“ во висина од три милиони денари, со кој ќе се реши проблемот со водоснабдување на 2.600 жители од тоа населено место, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...