Ќе се отстрануваат пет руинирани објекти во Куманово

Куманово, 20 август 2014 (МИА) - Секторот за урбанизам од општина Куманово поведе постапка за остранување пет руинирани објекти лоцирани во централното градско подрачје, на улиците „Коле Неделковски“, „Димитар Влахов“, „Перо Чичо“ и „Илинденска“, како и на локалитетот „Чоробенско Ќоше“.

Според надлежните, доставени се известувања до сопствениците кои се должни да поднесат итно барање за добивање одобрение за отстранување на објектите.

- До денеска немаме повратна реакција освен од сопствениците на еден објект кои се подготвени за соработка со општината, информира раководителот на Секторот за урбанизам Лидија Ланг Спасовска.

Потребно е да се испочитуваат законските рокови на достава, а подоцна Секторот ќе спроведе постапка, односно ќе издаде одобрение за нивно остранување.

Согласна процедурата, ќе се изготват елаборати за нивно остранување по што ќе се издаде одобрение. Сметките за остранувањето ќе им бидат доставени на сопствениците.

- Доколку не се утврди сопстевникот, тогаш општината од сопстевни средства го врши остранувањето, објасни Спасовска.

На подрачјето на општината има околу 15 руинирани објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...