Загубите на грчките превозници поради руското ембарго се проценуваат на десет милиони евра

Атина, 20 август 2014 (МИА) - Загубите на грчките превозници поради воведувањето на руското ембарго за увоз на земјоделски производи се проценуваат на десет милиони евра за оваа година, соопшти денеска Федерацијата на грчките товарни превозници.

Федерацијата ја потенцира „исклучително сложената ситуација“ во која се нашле компаниите за меѓународен превоз на товар.

Организацијата нагласи дека загубите поради ембаргото од една страна и одбивањето на Владата и Европската унија да се исплатат комензациите на транспортните компании од друга, ја задушуваат оваа гранка. 

- Поради целосната пропаст на реформите во транспорниот сектор, економската криза, како и поради незаконските превозници дојдовме во ситуација 60 проценти од превозниците да останат без работа или во најдобар случај да работат нецелосно работно време, се наведува во соопштението на Федерацијата на грчките товарни превозници. 

Во соопштението се додава дека со новиот проблем, кој се појави поради руското ембарго, без работа останале уште 300 превозници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...