Банка на Америка договори да плати 17 милијарди долари

за да избегне истрага за сомнителни продажби на хартии од вредност

Вашингтон, 21 август 2014 (МИА) – Една од најголемите американски банки, Банка на Америка постигна договор според кој ќе плати 17 милијарди долари за да се разреши од истрага за нејзината улога во продажбата на сомнителни хартии од вредност пред избивањето на финансиската криза во 2008 година.

Еден од официјалните лица запознати со случајот, изјави за американски медиуми дека банката ќе плати 10 милијарди долари во готовина и ќе обезбеди олеснувања за клиенти во вредност од седум милијарди долари.

Тој договор е најголем во врска со економскиот крах во кој милиони Американци ги загубија своите домови.

Претходно, договори се постигнати со Ситигруп – 7 миллијарди и со Џеј Пи Морган од 13 милијарди долари. Тужител беше американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за правда.

Според договорот, Банката треба да признае дека лошо работела со хартии со вредност кои обезбедувале хипотеки на имот издавани од неа и од Кантривајд фајненшал и Мерил Линч. Тие две компании Банка на Америка ги купи кога беа на раб на пропаст во 2008 година и тие се одговорни за голем дел од спорните заеми.

Според договорот, финансиска помош ќе им биде упатена на дел од сопствениците на куќи чии хипотеки на банката се претвориле во хартии од вредност и потоа биле продавани на инвеститори. Тие хартии од вредност опфаќале хипотекарни кредити давани на луѓе кои не можеле да ги вратат, но биле претставувани како сигурни инвестиции се додека не се урна пазарот за недвижности и со тоа инвеститорите загубија милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...