Почна изградбата на италијанската ИТЕК, нови 120 вработувања

Тетово, 21 август 2014 (МИА) - Околу 120 нови вработувања ќе обезбеди новата инвестиција од 3,8 милиони евра на италијанската компанија ИТЕК која денеска во ТИРЗ во Тетово ја почна изградбата на новиот производствен погон.

Фабриката ќе се протега на површина од околу 4.000 метри квадратни и е првата инвестиција во оваа ТИРЗ.

Инвестицијата ќе се реализира преку компанијата PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES и планирано е да се отворат пет производствени линии на композитни профили за производство на стаклени и карбонски влакна.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, оцени дека се работи за значајна инвестиција со која ќе се обезбедат нови вработувања за луѓе од различна етничка припадност.

- Благодарение на новите инвестиции, извозот од зоните во државата во првите шест месеци од годинава изнесува над 550 милиони евра, а тоа значи дека е двојно зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година. До крајот на 2014 година се очекува извозот од зоните да достигне вредност од над една милијарда евра, а таквите тенденции очекуваме уште повеќе да растат во иднина, нагласи премиерот Груевски.

Новите фабрики, додаде тој, се и еден од главните двигатели за намалување на стапката на невработеност и, како што рече, работите се движат во добра насока.

- Интересот за Македонија е голем. Продолжуваме со активна промоција на земјата, разговараме и преговараме со голем број странски компании. Многумина од нив веќе ги објавија новите инвестиции и наскоро ќе почнат да ги градат новите фабрики: италијанската Диатек, американската Key Saffety System, турската Веибо, германската Техникал текстил, британската Еуро БПО, германската ОДВ електрик, украинската Енергија, италијанската Монтанте груп, како и многу други, посочи Груевски.

Директорот на компанијата PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES  Роберто Оскири рече дека одлуката за инвестирање во Македонија ја донеле благодарение на поволните услови што им се нудат на странските инвеститори, малите бирократски постапки и ефикасната администрација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...