Во Велес продадени 11 плаца за лесна индустрија

Велес, 21 август 2014 (МИА) - Изминатата недела во Велес и Велешко  на лицитација со електронско јавно надавање  продадени се 11 плаца  за изградба на погони на мало стопанство.

Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот на Велес Славчо Чадиев петте плаца се во населбата Тунел, два  во новиот дел на Велес, додека шест парцели се во Индустриската зона Караслари, кои се поголеми по површина и на кои ќе се градат капацитети за лесна и незагадувачка индустрија.


Чадиев информираше дека се продадени и пет парцели во градското подрчачје наменети за домување. Новите сопственици кои дале најповолна понуда ќе добијат маркица за градење на станбен објект за домување.


Чадиев истакна дека меѓу компаниите има и една странска, но оти по законскиот рок од 15 дена за жалба ќе ги соопштат сопствениците и цената по која се продадени.

Најави дека наскоро Општина Велес ќе започне и постапка за нова индустриска зона кај село  Мамутчево која на површина од над 40 хектари ќе биде најголема во Велешко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...