Борисов предупредува на грчко сценарио во Бугарија

Софија, 23 август 2014 (МИА) - Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов предупреди дека на земјата и се заканува банкрот според грчкото сценарио, па и напуштање на НАТО, доколку не биде сменета досегашната политика, и доколку неговата партија ГЕРБ не освои солидно мнозинство самата да формира Влада на претстојните предвремени избори.

- Ситуацијата е таква што, како што во зимно време не и даваме на жена да вози, туку пуштаме да се качи најдобриот возач, така и сега прашањето е дали ќе ја избегнеме катастрофата во која сме во моментов. Да не западнеме во несреќа и да одиме надолу како Грција. Но, Грција имаше кој да и помогне. Тука во еден момент ќе стане прашање и за излегување од НАТО, изјави Борисов.

Борисов бара да има 121 пратеник, за да може сам да ја формира идната Влада. Пораката му беше упатена до Меглена Кунева, водачот на новоформираниот Реформски блок кој обединува повеќе десни партии кои се натпреваруваат за гласовите на ГЕРБ. Реформскиот блок најави дека е отворен за соработка со ГЕРБ, но под услов во Владата да влезат само лица со чист углед, што би значело дека во неа ќе нема место за Борисов или неговите блиски соработници како Цветан Цветанов и Симеон Ѓанков.

ГЕРБ на Борисов ја обвинува Социјалистичката партија, која владееше од јуни 2013 година, за оддалечување на земјата од евро-атланските сојузници поради промовирање на проектот Јужен Поток со Русија, како и за неодамнешната криза во банкарскиот сектор.

Изборите ќе се одржат на почетокот на октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...