Дојран повторно ќе стане камперска дестинација

Дојран, 29 август 2014 (МИА) - Враќањето на кампинг туризмот ќе биде еден од приоритетите на општина Дојран во настојувањата да се врати како препознатлива туристичка дестинација од времето кога покрај езерото ги имаше познатите кампинзи „Мрдаја“ и  „Ачикот“.

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов вели дека општината интензивно работи на овозможување на камперскиот туризам затоа што поранешните камперски места се нефункционални и голем дел приватизирани.

-Денес не функционира вистински камп од причина што локациите на поранешните кампови или се приватизирани или испреплетени во имотно правни спорови. Како локална власт ги разгледавме можностите и веќе почнавме со подготовки на нови локации за камп населби кои ќе им бидат понудени на заинтересирани инвеститори, рече Стамов.

Мотив за локалната власт во Дојран ќе биде и градењето нови плажи бидејќи новоуредената градска плажа донесе голем број нови туристи на Дојранското Езеро.

Градоначалникот Стамов информира дека се изготвени проекти за уште пет плажи на различни локации кои ќе се уредуваат во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...