Запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво, затворени 49 складови

Во рамки на оперативната акција „Гора“, насочена кон сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење шуми и нелегална трговија со дрвна маса, која почна во јуни годинава, досега се запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво или по три камиона дневно во вредност од над 36.000 евра.

Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, извршени се контроли во 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата при што поради неправилности, 49 складови се затворени. Извршена е и контрола на 31 правно лице лиценцирано за издавање одобренија за сеча на приватна шума, при што кај 21 субјект се утврдени неправилности во работењето.

Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Државниот инспекторат за шумарство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.

Министерката Јанкулоска при посетата на складот на Шумското стопанство - Подружница Караџица во Петровец, каде што се сместени досега запленетите дрва од акцијата „Гора“, посочи дека досега се поднесени 10 кривични пријави - за „кражба“, „фалсификување исправа“, „даночно затајување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“, како и 167 прекршочни од повеќе институции - ДПИ, УЈП, МВР, Шумска полиција, Државен имнспекторат за труд и инспекторатот за шумарство и ловство.

Од вкупниот број, најмногу акциски контроли се извршени на складови на подрачјата на СВР Скопје – 43, СВР Штип – 39, СВР Тетово – 30, СВР Велес – 29, СВР Охрид – 27, СВР Струмица-27, СВР Куманово – 26 и СВР Битола – 24 објекти. Од контролите пак на 31 правно лица лиценцирани за издавање одобренија за сеча на приватна шума констатирано е дека 21 работело спротивно на законските прописи и тоа најмногу на подрачјето на СВР Штип – седум, СВР Охрид – пет по четири на подрачјата на СВР Скопје и СВР Куманово и едно правно лице на подрачјето на СВР Тетово.

При контролите на складовите со дрва досега евидентирани се 167 прекршоци и тоа од страна на Државниот пазарен инспекторат - 94 прекршоци, од страна на УЈП - 65 прекршоци, од страна на Државен инспекторат за труд - три прекршоци, од страна на Државен инспекторат за шумарство и ловство - три прекршоци, и по еден прекршок од Министерството за внатрешни работи и од Шумска полиција. МВР, пак, документирало пет кривични пријави за сторени три кривични дела кражба, две кривични дела „фалсификување исправа“ и едно кривично дело „даночно затајување“, против пет лица.

Покрај ова во рамки на секојдневното работење дополнително се документирани пет кривични дела, од кои три „злоупотреба на службена положба и овластување“ и две „несовесно работење во служба“. Притоа, СВР Тетово документирал злоупотреби од четворица вработени во шумска полиција и еден инспектор за шумарство кои неовластено вратиле околу 95 метри кубни дрва кои предходно полицијата ги одзела во акциската контрола спроведена на 24 јуни годинава. СВР Велес открил несовесно работење на тројца магационери во ЈП „Македонски шуми“ кои дозволиле незконско продавање дрвна маса во вредност од околу 72.000 евра, додека СВР Куманово мерки на кривичен прогон презела против директорот на подружницата на Македонски шуми во Куманово, поради незаконско присвојување 6.500 евра од благајната на претпријатието и огревно дрво во вредност од 1.500 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...