Нови можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор на рускиот пазар

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор да ги искористи можностите за поголем  извоз на пазарот во Русија  по санкциите коишто на 7 август ги воведе оваа држава кон  Европската унија, САД, Канада, Норвешка и Австралија, апелира денеска Стопанската комора на Македонија.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија, за домашните производители  е отворена голема можност да ги пласираат производите на пазарот во Русија.

- Тоа е голем пазар кој  бара многу  повеќе и кој може да плати, а од Македонија овој сектор може да даде многу повеќе во однос на тоа што веќе го извезуваме, рече на прес-конференција Ристовски.

Дејан Бешелиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора укажува  дека  Македонија на рускиот пазар може да понуди овошје, зеленчук, и преработки од нив, вино,   лекови. Тука спаѓаат и кондиторските производи за кои, нагалсува,  во овој момент се отвора голема можност бидејќи голем дел од нив  во Руската федерација беа увезувани од земјите кои сега се под санкции.

За свежо  овошје и зеленчук веќе има договори кои се реализираат на терен.  - Санкциите се во сила неполн месец, интересот од руските компании е зголемен и во овој момент најважните за нас параметри што има доста побарување на свежо овошје и зеленчук, а пред се сега е актуелно грозјето и праската коишто се извезуваат многу повеќе од вобичаеното, појасни Бешлиев.    

Според него, Македонија има преференцијален статус за одредени производи кој изнесува 25 проценти од висината на декларираната царина  во Руската федерација.   До Руската федерација е доставена нова листа на производи за коишто би требало да има намалување на царината. - Како  македонска страна бараме да бидат намалени и се надеваме дека во преговорите што се водат меѓу владините комисии ќе се успее да се воведе тоа и да се намалат царините. Производите се дефинирани пред 15-ина години, а листата со преференции  би рекол дека за нас е нефункционална. Токму поради тоа минатата година се изготви нова листа од страна на РМ и е доставена. Тука влегуваат  комплетно сите производи од прехранбениот сектор и секако дел од фармацевтскиот, индустрискиот сектор,  наведе Бешлиев.

Македонско-рукста трговска размена, како што информира Ристовски,  минатата година достигна 195 милиони американски долари, со извоз од  Македонија   од 31,5 милиони длари, а  увоз од Русија од 136,6 милиони долари. Во земјоделско прехранбениот сектор извозот е 9,6 милиони од кои половината  отпаѓа на овошје со износ од 4,8 милиони долари,  по кое следат грозјето со  1,8 милиони долари, виното со 1,4 милиони  и зеленчукот со 1,2 милиони  долари. Генерално во целокупиот извоз доминираат лековите со 10,5 милиони долари, потоа производи од машинската индустрија 7,3 милиони  долари.

- Вкупниот извоз  на македонските  земјоделско-прехранбени производи во Русија во однос на се што извезуваме  е околу 1,5 проценти. Во делот на увозот, кој изнесува 163  милиони долари, најголем дел се енергенсите 116 милиони долари,  металургијата 7,1 милион долари и  минералните суровини, наведе Ристовски.

Во првите шест месеци е остварена размена од 74,7 милиони долари, со 17,7 милиони долари извоз и 57 милиони долари увоз. Споредено  со истиот период лани има пад на целата размена од 46,7 проценти, но тоа воглавно отпаѓа на енергенсите.  Во првата половина од годината Македонија има извезено земјоделско прехранбени  производи за два милиони  долари повеќе, односно за 17,3 проценти, а увозот е намален за 67 проценти.  Од земјоделската  и прехранбената индустрија извезени се производи во  износ од 3,7 милиони долари, од кои најмногу зеленчук, 2,3 милиони долари,  овошје од 1,1 милион долари и вино од околу 500 илјади долари.  

Во  првите шест месеци од годинава Русија е 10 трговски партнер на Македонија, а на годишно ниво според  податоците за 2013 година е на 13 место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...