ССК договара зајакнување на соработката со турски бизнисмени

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) -   Градежништвото, текстилната и кондиторската индустрија во Македонија се со најголеми можности за инвестиции  од турски бизнисмени и за поголема соработка.

Тоа е констатирано на средбите на  раководствата на  Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со турски конфедерации и асоцијации на бизнисмени,  реализирани  во тек на престојот на  83. меѓународен саем во Измир.

Претседателот на ССК Данела Арсовска потпиша меморандуми за соработка со претседателот на Конфедерацијата на бизнисмените и индустријалците на Турција – ТУСКОН, Ризанур Мерал и со претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАД, Измир, Мехмед Цејлан.

- На бизнис средбата помеѓу ССК и делегацијата на ТУСКОН, најмоќната бизнис организација во Турција со претставништва ширум светот, беше истакнато дека најголем интерес за инвестиции и зацврстување на македонско-турската соработка постои во секторот градежништво. За таа цел, во октомври годинава се очекува бизнисмени од Турција да ја посетат нашата земја, а во ноември нашите компании ќе имаат можност да се претстават на бизнис форум во Измир, Турција, соопшти денеска Сојузот на стопанските комори на Македонија.

На средбата со бизнисмените од ТУМСИАД, пак, се разговарало за можностите за соработка помеѓу македонските и компаниите од Турција, во текстилната и кондиторската индустрија.  Во тек на престојот на делегацијата на ССК во Измир треба да биде потпишан меморандум за соработка и со Асоцијацијата на млади бизнисмени на Турција, ТУГИАД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...