Народната банка на Србија купила над два тони злато

Белград, 2 септември 2014 (МИА) - Србија ги зголеми количините на злато во девизни резерви од 14,9 на 17,2 тони во изминатите две години. Народната Банката на Србија (НБС) изминатите години не продавала злато од девизните резерви, туку го зголемувала, пишува српскиот весник „Блиц“.

- Од избивањето на финансиската криза имаме изразен т.н. „save haven“ ефект на златото (сигурно засолниште за вложување), така што кај централните банки имавме тренд на раст на учеството на овој благороден метал, изјави Давид Малиш, директор на Одделението за управување со девизни резерви на НБС.

Тој нагласи дека златото во девизни резерви служи како заштита од инфлација на долг рок, овозможува намалување на ризикот  за девизните резерви, но е и гаранција за доверба во централните банки, особено во време не несигурност.

Во регионот, според извештајот на Светскиот совет за злато за 2014 година, Србија е на трето место со најголеми резерви на злато. На прво место е Грција, која во резерва има 112 тони златни прачки, а на второ е Бугарија со 40 тони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...