Македонско-унгарски бизнис форум во Будимпешта

Скопје, 2 септември 2014 (МИА) - Унгарски компании од автомобилската индустрија, енергетиката, земјоделството, производството на земјоделски машини и опрема се запознаа со можностите за инвестирање и бизнис климата во Македонија.

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, кој ја  предводи македонската делегација на Македонско-унгарскиот бизнис форум во Будимпешта, пред бизнисмените од Унгарија ги претстави условите и поволностите за инвестирање во Македонија.

Економската соработка на Македонија и Унгарија  интензивно се зајакнува, истакна министерот Павлески на бизнис форумот организиран во соработка со националната унгарска трговска куќа „Hungarian National Trading House“, со поддршка на Македонската амбасада во Унгарија.

На маргините на форумот, Павлески се сретна со  унгарскиот заменик министер за трговија и надворешни работи на Унгарија,  Петер Сијарто кој истакна дека отворањето на Унгарската  трговска куќа во Скопје во јули оваа година не е случаен избор, туку резултат на тоа дека Унгарија ја гледа Македонија како центар за развивање на бизнисот на унгарските компании во регионот. Министерот Сијарто нагласи дека претставништвото на Унгарската трговска куќа во Македонија е единствено на Балканот.

Дел од македонската делегација во Будимпешта се и министерот без ресор, Фуркан Чако и заменик министерот за економија, Христијан Делев. Предвидено е во текот на денов македонската делегација да се  сретне и со претседателот на Стопанската комора на Унгарија и претседателите на Турско – унгарскиот комитет и Комитетот за Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...