Европскиот парламент изрази жалење за намалувањето на буџетот на ЕУ за 2015 година

Стразбур, 17 септември 2014 (МИА) - Европските пратеници изразија жалење за намалувањето на буџетот на ЕУ за 2015 година, но и загриженост поради фактот дека намалувањето на буџетот се однесува пред се на политиката која треба да ја стимулира компетитивноста, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Земјите членки на ЕУ уште на 15 јули најавија намалување од 2,1 милијарда евра на буџетот предложен од Европската комисија, односно 140 милијарди, намести 142,1.

Според европратениците, од намалувањето на буџетот ќе бидат погодени политиката за стимулирање на компетитвноста, економскиот раст и создавањето на работни места. Советот на ЕУ на тој начин намали 1,3 милијарди евра за финансирањето на научните испитувања и големите инфраструктурни зафати.

„Ние посакуваме да Европа излезе од кризата и да стане компетитивна со равој на економијата втемелена врз развојот. Затоа е потребно да се засили научното испитување и развојот, како и образовните програми“ – истакна шпанскиот европратеник од редовите на социјалистите, Еидер Гардизабал Рубиал.

Европскиот парламент притоа подвлече дека Советот, во кој се претставени државите, ги намали за 5,2% кредитите за надворешната политика на ЕУ, односно ќе има 378 милиони евра помалку, и посебно фондовите наменети за раководење со кризите како таа во Сирија или Палестина, како и за помош на соседните земји, како Украина.

Од буџетското штедење се поштедени земјоделството и структуралните фондови за регионален развој.

Францускиот европратеник Жан Артиус, инаку либерал и претседател на Комисијата за буџет на ЕП, обвини за „неодговорно буџетско раководење“, кое, како и во изминатите години доведува да кредитите за исплаќање се недоволни за да се исплатат сите фактури на ЕУ во 2014 година.

Европскиот парламент за буџетските предлози на Државите членки на ЕУ ќе гласа на Комисијата за буџет на 29 септември и на пленарна сесија на 22 октомври. Финалното гласање на буџетот е предвидено за 26 ноември по последното „помирување“ со Советот на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...