Аргировски: Повисоките пензии значајни за стандардот на пензионерите

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) –  Најавеното зголемување на пензиите  е значајно за стандардот на пензиониерите и е за поздравување  со оглед дека во соседните држави се планира намалување.

Тоа го оценува претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски, коментирајќи ја најавата за зголемување на пензиите со Предлог буџетот  за следната година.

- Изјавата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кај пензионерите предизвика извесно задоволство затоа што тоа е дел од владината Програма да се зголемат пензиите за наредните четири години за 21 отсто,  а идната година во второто полугодие ќе бидат зголемени пензиите за 5 отсто. Дали ќе бидат линеарно на сите или како што беше оваа година за тоа веројатно ќе се договараме со министерот и со Владата и уште е рано да се каже. Иако во соседните земји, посебно во Србија доаѓа до значително намалување на пензиите од 10 отсто, кај нас ќе дојде до зголемување и на тој начин ќе се подобри стандардот на пензионерите, изјави за МИА Аргировски.

Според него, резултатот од политиката во оваа област се рефлектира преку зголемениот износ на пензиите во изминатите години.

- Во 2006 година најниската пензија беше 4.330 денари, а во 2014 година изнесува 7.620 денари, што е за 76 отсто повеќе. Исто така, просечната пензија од 7.680 денари во 2006, годинава се качи и изнесува 12.455 денари, за 62 отсто повеќе, што значи во Македонија просечната пензија изнесува 202 евра. Ваков износ на просечна пензија има сега Србија, но со нивното намалување сигурно ние ќе бидеме понатаму подобри во тој просек. А сега сме подобри од Албанија, Бугарија, БиХ, Косово и други земји, забележува Аргировски.

Со други зборови, додава, додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас растат.

- За пензионерите тоа значи многу бидејќи тие издржуваат една до две генерации. Што е поголема пензијата тоа е подобро за нив и што е поголем бројот на вработувањето тоа значи многу бидејќи на тој начин повеќе пари ќе остануваат за пензискиот живот. Ако се вработи човек автоматски тој остава повеќе пари во семејството, за животот на пензионерите и поголеми средства и за пензискиот фонд и за здравствениот фонд, вели Аргировски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...