Турска „Мач Груп“ ќе гради фабрика во Скопје

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Турската земјоделско-прехранбена компанија „Мач груп“ ќе инвестира три милиони евра во изградба на фабрика во Општина Илинден. Земјиштето за изградба на фабриката е веќе купено, а во иднина планираат инвестиции и во откупен центар и во земјоделството.

Одлуката за инвестицијата во Македонија ја објави денеска директорот на „Мач Груп“ Атај Мач во тек на бизис форумот во Анкара на кој македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски кој ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Турскиот инвеститор изјави дека ги истражувале условите за инвестирање две години и оти донеле заклучок дека Македонија е најдоброто место за инвестирање во регионот.

- Имаме фабрики и капацитети во Турција и размислуваме за проширување на нашиот бизнис во Европа и истражувајќи во повеќе држави дојдовме до сознанието дека Македонија е најсоодветна. Гледаме огромен потенцијал во Македонија, изјави Мач.

Купиле земјиште и сега планираат да почнат изградба на фабрика во Општина Илинден во Скопје.

- За понатамошните планови најпрво сакаме да изградиме откупен центар во Скопје и откако ќе го завршиме планираме да инвестираме во земјоделие и во добро земјиште кое ќе ни донесе приноси”,  наведе Мач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...