Можеме да ги казниме Бугарија и Србија поради „Јужен поток“

Брисел, 17 септември 2014 (МИА) - Европската комисија ја повика Бугарија да ја запре изградбата на гасоводот „Јужен поток“, додавајќи дека не располага со своја полиција ниту во таа земја, ниту во Србија, која би ги следела работите, но дека сепак може да преземе казнени мерки против Софија и Белград, изјави на прес-конференција портпаролот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингерм Марлене Холцнер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со плановите што ги објавија српските власти околу изградбата на гасоводот.

- Бугарија е дел од ЕУ и затоа започнавме казнена процедура поради „Јужен поток“, според која Софија е повикана да ги почитува сите правила, поврзани со јавните набавки. Побаравме да биде потврдено дали правилата биле почитувани. Согласно започнатата процедура ја повикавме Бугарија да ја запре изградбата. Процедурата продолжува, рече Холцнер. 

Таа додаде дека за државите надвор од ЕУ нема такви средства, но откако ќе се почне со работа, тоа прашање може да се постави пред енергетската заедница, која располага со свои сопствени инструменти.

Според неа, со оглед на тоа дека Србија не е во ЕУ, не е потребно таа да се усогласи со правилата на Унијата за внатрешниот пазар. 

- Не можеме да го поставиме прашањето пред Европскиот суд, но дали ќе бидат прекршени правилата во енергетиката, ќе стане јасно во подоцнежната фаза, кога гасоводот ќе биде пуштен во употреба, рече портпаролот на Етингер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...