Скопската чаршија да биде македонски бренд, порачуваат стопанствениците

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Старата скопска чаршија не смее да остане локален предизвик, место кое периодично ќе го буди интересот на граѓаните и туристите. Од неа треба да направиме бренд, регионалната алка за светската понуда, порачаа денеска бизнисмените - членови на Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во Чаршијата, нагласија, мора да се вратат старите семејни бизниси кои биле традиција и ја правеле препознатлива преку интензивно промовирање на економските вредности.

- Не треба да бидеме задоволни што по толку години стагнација, се враќа животот во Старата чаршија. Напротив, ова место треба да биде постојано атрактивно, занаетите повторно да станат дел од туристичката понуда, посочи претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски.

Секој во чаршијата, додаде, треба да зборува на својот јазик, а заеднички да се разбираме преку културата. На чаршијата и требаат улица на сликарството, место за традициите, но и за високата мода, патека на кебапите, но и поразновидна ориентална кујна.

Според извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили, Чаршијата, не само што е најголема на Балканот, туку предничи и по вредностите.

- Затоа сме заинтересирани да заживее на соодветното ниво, да се поддржат пред се семејните бизниси кои биле нејзина традиција. Но, тука придонес мора да даде и државата, да се подобри инфраструктурата, да се забрза изградбата на Коридорот 8 и патот Скопје-Приштина што ќе овозможи развој на бизнисот и секако, поголем број туристи, подвлече Халили.

Стопанствениците ќе иницираат идеја за регионално поврзување на сите чаршии од Балканот зашто така било со векови. Јасна е, како што потенцираа, потребата од деловно поврзување со балкански продукт.

Од идната година, предлагаат, да се направи едномесечна или двомесечна програма што ќе се промовира преку флаери на аеродромите или граничните премини за туристите да се запознаат со активностите, содржините во Чаршијата.

Тие ја најавија и претстојната манифестација „Чаршијата и пријателите“ што ќе се одржи во сабота, на 20-ти септември, на повеќе локации во Турската чаршија. Културни перформанси, бизнис средби, неформални контакти и дружења се дел од програмата на манифестацијата.

Бизнисмените имаат целосна поддршка од Општина Чаир зашто, според градоначалникот Изет Меџити, иако моќеби Чаршијата е раздвижена, се уште недостигаат активности кои би го вратиле нејзиниот полн сјај во секоја смисла. - Потребни се уште идеи за привлекување што повеќе наши луѓе, но и туристи од странство, смета Меџити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...