Грција е меѓу петте земји-шампиони по реформи во светот

Луксембург, 18 септември 2014 (МИА) - Грција, Ирска, Естонија, Португалија и Шпанија се петте земји-шампиони во реформи во светот и тоа го потврди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и други економски тинк-тенк организации, истакна Клаус Реглинг, директор на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), на денешната средба во Луксембург со новинари-дописници од Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Големото Војводство, Реглинг посочил дека има пет причини поради кои Европската унија и Еврозоната излегуваат од економската криза и тоа се реформите за прилагодување на економиите, мерките за монетарна политика, подобрената економска политика координација во ЕУ и Еврозоната, институционалните иновации преку затворање на институциските дупки и засилување на банкарскиот систем преку Банкарската унија.

Според првиот човек на ЕСМ, реформите се сусптенцијални и одат подалеку одошто е познато во јавност и според тоа Грција, Ирска, Естонија, Португалија и Шпанија се топ-реформатори во областа на ОЕЦД, што за Реглинг е далеку од Европа и стига и до Јужна Кореја и Мексико. - Грција тргна од многу ниско ниво, но има поголем прогрес од било-која друга земја во Организацијата за економска соработка и развој.

Грција е најдобра во четири среднорочни критериуми за прилагодување: зголемување на извозот, редукција на фискалниот дефицит, промената на чинењето на работната сила и прогрес во структурални реформи - посочува Реглинг.

За директорот на Европскиот механизам за стабилност, сите пет посочени земји ја подобриле конкуреннтоста и фискалниот баланс, при што Грција била најтежок случај беше и се уште и годинава се предвидува да има дефицит од еден процент на Бруто-домашниот производ (БДП), што е исто со Холандија, но за четири отсто помалку одошто пред пет години.

- Токму затоа, велам дека не е точно дека ништо не се случува во Грција! - дециден е Клаус Реглинг, додавајќи дека Грција, Ирска и Португалија веќе ги исплатиле заемите кон Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕФСФ). Директорот на ЕСМ вели дека во обврзници, ЕСМ и ЕФСФ издале 343,6 милијарди евра досега, што не се пари на данокоплаќачите во Еврозоната, туку набавени на пазарот за капитал, што го прави Европскиот механизам за стабилност петти најголем зајмувач во Еврозоната за 2013 година.

- Поддршката на петте земји изнесува вкупно 700 милијарди евра, од кои досега се дадени 232,1 милијарди евра. А, само Грција и Кипар се уште спроведуваат макроекономска програма за прилагодување со спроведување на стриктни мерки. Грција лани позајми 8,5 милијарди евра што е 4,7 проценти од нивното БДП - ќе рече Реглинг, посочувајќи дека вработеноста во Еврозоната повторно расте, со прогноза на Европската централна банка (ЕЦБ) за 2014 година дека ќе има раст од 0,9 проценти во оваа и раст од 1,6 отсто следната година.

Како една од мерките за целосно финансиско и економско заздравување на змејите во Еврозоната, Клаус Реглинг ја посочи и можноста да се усвои предлогот на германскито министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој препорача воведување на функција “финансиски министер” на ЕУ или комесар во рамки ан Европската комисија, кој би имал право на вето на националните буџети на земјите-членки на Европската унија и пред се Еврозоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...