Србија воведува сет економски мерки во обид за излез од кризата во државата

Белград, 19 септември 2014 (МИА) – Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа објави економски мерки за заздравување меѓу кои се намалување на платите и пензиите поголеми од 25.000 динари (211 евра), остра борба против сивата економија, отпуштање вишок вработени во администрацијата, намалување на субвенциите во јавни претпријатија и јакнење на приватниот сектор.

Тој најави раст во економијата во идната година и излез од кризата во 2016 година.

Граѓаните со најниски плати и пензии ќе бидат поштедени од намалување, а тоа се однесува на вработените во јавниот сектор со плати пониски од 25.000 динари и за пензионерите кои примаат толкави пензии.

- Тоа се најсиромашниот дел. Тешко дека ќе можат да ги платат сите сметки ако ги намалиме нивните примања. Најверојатно за останатите ќе се примени линеарно намалување од 10 или 10,5 отсто, изјави Вучиќ за државната телевизија.

Примањата за пензионерите над 35.000 динари ќе се намалат за 6,2 отсто, а повисоките од 40.000 односно 60.000 за девет отсто и 16 отсто.

– Пензионерите не се виновни. Виновни се оние што ни ја уништија државата, изјави Вучиќ.

Планираните заштеди од платите и пензиите се околу 400 милиони евра, а до планираните 700 милиони евра, како што нагласи ќе се дојде до „тешки мерки“.

Вучиќ најави и укинување на солидарниот данок.

– Србија е ликвидна, граѓаните не треба да се плашат. Имаме пари до април следната година и без задолжувања, истакна српскиот премиер.

Тој наведува дека во периодот 2008-2012 година Србија била задолжена од осум на 17,67 милијарди евра и оти приватниот сектор е уништен, а „темелно се уништувало секое јавно претпријатие“.

– Платите во јавниот сектор се повисоки за 40 отсто од приватниот сектор кој го издржува јавниот, напомена Вучиќ...Ако мерките успеат, а јас верувам во планот и оздравување на Србија, во 2016 година ќе бидеме нормална држава со здрава економија, изјави Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...