„Глаксосмитклајн“ осудена во Кина за корупција

Пекинг, 19 септември 2014 (МИА) -  Британската компанија „ГлаксоСмитКлајн“ (ГСК) една од најголемите во фармацевтската индустрија во светот, е осудена од судот во кинескиот град Чангши, да плати казна од 490 милиони долари, за давање поткуп.

Станува збор за рекордно висока парична казна што во Кина е изречена за една странска компанија.

ГСК беше обвинета дека нејзините функционери во кинеската филијала, им давале пари и разни подароци, на домашните лекари и на тамошни болници, за да ги препишуваат и да ги купуваат нејзините лекови.

Судот го осуди поранешниот директор на ГСК за операции во Кина, Марк Рајли на условна казна затвор од три години, па тој ќе биде протеран од Кина.

Неколкумина други функционери на кинеската филијала на ГСК, исто така, се осудени на условни казни затвор.

Во јули минатата година, кинеските власти соопштија дека водат истрага против британската фармацевтска компанија, означувајќи го сличајот како најголем корупциски скандал со кој била опфатена една странска компанија во Кина.

„ГлаксоСмитКлајн“ беше обвинета дека на тој начин направила профит од 150 милиони долари.

Во соопштението по повод пресудата,се изразува жалење поради целиот случај во кој беа вмешани функционери на компанијата и ГСК јавно им се извини на владата на Кина и на кинескиот народ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...