Турската „Про лајн“ ќе гради фабрика во Македонија

Адана, 19 септември 2014 (МИА) - Турската компанија „Про лајн“ ќе гради фабрика за производство на пластика во Македонија во вредност од околу 3 милиони евра, објави сопственикот на компанијата Алтан Чургелич по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски по завршувањето на бизнис форумот во Адана, Турција.  

Локацијата за фабриката, рече Чургелич, дополнително ќе биде утврдена.

- По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградба на нашата фабрика и со нас сакаат да инвестираат уште пет други пријатели инвеститори. Македонскиот пазар во поглед на европскиот пазар и економија дава премногу предности, изјави Чургелич.

Турскиот инвеститор посочи дека има поширок план за развој и инвестирање и го објасни својот план за инвестирање.

- Во однос на првата инвестиција на мојата компанија размислуваме да биде околу 3 милиони евра и да обезбеди 50 вработувања, а останатите мои бизнис партнери се заинтересирани да инвестираат повеќе или помалку, но тие се се уште во фаза на подготовка на нивниот проект, изјави Алтан  Чургелич.

Премиерот Груевски веднаш по денешниот последен бизнис форум посочи дека посетата на Мерсин, и воопшто на Турција помина многу добро и многу успешно.

- Вклучувајќи го и денешното претставување и средби со потенцијални инвеститори, пет компании со сигурност потврдија дека доаѓаат да инвестираат во Македонија, во различни сектори, а огромен дел од нив се на добар пат. Дел ќе ги викнеме да дојдат во Македонија да видат локации, да остварат средби со стопанските комори, со институциите, и со бизнис партнери доколку сакаат да ги запознаат. Така што на добар пат сме да привлечеме поголем број на компании, изјави Груевски.

Овие пет компании, нагласи, веќе за време на престојот на владината делегација во Турција објавија дека ќе инвестираат во Македонија. - Но, очекуваме уште поголема бројка по нивното доаѓање, разгледување на можностите, на лице место да донесат одлука, да отворат свои капацитети, а со тоа да отворат нови работни места за нашите граѓани, рече премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...