Пад на директните странски инвестиции во Албанија

Тирана, 22 септември 2014 (МИА) - Директните странски инвестиции во Албанија во вториот квартал од оваа година бележат пад од 35,5 отсто, забележувјќи  рекордно намалување во изминативе неколку години.

Според Централна банка на Албанија, како што јави дописникот на МИА, во периодот април-јуни 2014 година странските компании во албанската економија инвестирале 182,9 милиони евра или 100 милиони евра помалку споредено со истиот период лани.

Почетокот на оваа календарска година почна успешно кога станува збор за странските инвестиции. Во првото тримесечие тие биле поголеми за 73 милиони евра споредено со истиот период лани. Но, падот во вториот квартал услови пад на директните странски инвестиции за 7,3 отсто во првата половина од годинава, споредено со истиот период лани.

Соочени со тешката состојба во економијата и топењето на домашните инвестции, на странските инвестиции се гледа како на главен извор не само за раст на енономијата, туку и за намалување на високиот процент на невработеност. Тука секако и постојаниот пад на висината на депозитите на албанските емигранти, кои последните години постојано опаѓаат.

Минатата година во Албанија странските инвестиции достигнаа 972 милиони евра, главно од нафтената индустрија. Експретите на Централна банка сметаат дека падот на инвестициите во второто тримесечие може да е поврзано со инвестицискиот циклус на компаниите концесионери на нафта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...