Соработка на катастрите од Македонија и Никарагва

Скопје, 22 септември 2014 (МИА) -   Македонската Агенција за катастар на недвижности ќе разменува искуства со Катастарот од Никарагва, во рамки на проектот за реформи во земјишните политики што се спроведува во соработка со Светска банка. 

Делегации од Светска банка и од Катастарот на Никарагва  денеска се во посета на македонскиот катастар со цел да се договорат активностите за соработка. 

Според Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, соработката се темели на основниот проект почнат во 2005 година за регистрација на недвижен имот и воспоставување катастар на недвижности. Проектот  во 2010  година беше прогласен за најдобар  проект на Светската банка и продолжува по истиот назив до јуни 2015 година со носечни активности за дигитализација на катастраските планови, рече Трпески. 

Херман Естрада, директор на Катастарот  на Никарагва истакна дека од Светска банка им се пренесени позитивни искуства за проектот во Македонија.  - Имаме слушнато многу убави работи за Македонија.  Нам во Латинска Амерка ни имаат кажано дека овој проект со вашата Агенција за катастар е најуспешниот во рамки на соработката со СБ. Претставниците на СБ споменаа дека Никарагва е земја во која добро се спроведува овој проект и се надевема дека можеме да си покажеме многу работи и да научиме едни од други, наведе Естрада.

Сари Сандерсон, претставник на Светска банка рече дека Македонија има катастар на недвижности кој е за пример во регионот  со успешноста на реформите  и оти има многу што да сподели со другите земји. 

- Преку реформите успеавте да ја претворите Агенцијата за катастар на недвижности од техничка организација  фокусирана на инженерскиот аспект и геодетските премери во модерна и фокусирана на давање услуги на клиентите. Клиентите никогаш не се задоволни и сигурна сум дека има уште многу работи кои може да се подобрат. Многу импресивно е што сте успеале да го  намалите просечното времетраење на трансакцијата за впишување од 60 дена на  1 ден, наведе Сандерскон. 

Според неа, реформите поврзани со  земјишната политика во голема мера придонеле Македонија да биде рангирана помеѓу десетте земји со најголеми подобрувања во тој дел и во леснотијата на водење бизнис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...