Продолжува растот во градежништвото

Скопје, 22 септември 2014 (МИА) – Градежништвото во последниве неколку години бележи раст, а се зголемува и неговото учество во БДП. Според Стопанската комора на Македонија, секторот е се повеќе ангажиран во нискоградбата, компаниите работат добро и станува извесно отворањето нови работни места.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, градежништвото со себе повлекува и други гранки, а тоа придонесува за нивен развој. Најголемиот товар го носат средните и големите фирми со 20 до 2.000 вработени.

- Радува податокот дека градежништвото подолго време се ангажира во нискоградбата, речиси рамномерно низ целата држава, што беше наша заложба - на патот Смоквица-Демир Капија како дел од Коридорот 10, на автопатите од Миладиновци кон Штип и од Кичево кон Охрид. Ова е предноста што ја баравме, брз проток на стоки и услуги, истакна денеска на прес-конференција Марија Петроска од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Изградбата на патната инфраструктура, напомена, ќе придонесе и за развој на руралниот туризам за кој во земјава постојат извонредни услови.

- Владата обезбеди средства и веќе почнаа поголемите инвестициски зафати – реконструкција на автопатот Велес-Скопје, проширување на патот Велес-Кадрифаково, изградба на повеќе регионални и локални патишта, објекти во здравството, станбени, индустриски и спортски објекти. Во наредниот период сигурно ќе почне да се гради и железничка пруга кон Бугарија и кон Грција, посочи Петроска, додавајќи дека согласно пресметките, вкупната вредност на вложувањата во овие проекти ќе изнесува 860 милиони евра. Тоа потврдува дека градежништвото и натаму ќе биде активно и ќе има поголем ангажман.

- Одговарајќи на новинарски прашања во врска со сивата економија, Петроска рече дека не може многу лесно да се евидентира или процени.

- Не можеме да дадеме проценка колку нерегистрираните ангажирани работници придонесуваат за зголемување на градежништвото. Во секој случај, законите мора да се почитуваат. Онаму каде Што треба, 'е реагира Трудовата инспекција, подвлече Петроска.

Повикувајќи се на податоците од Државниот завод за статистика, Петроска информира дека бројот на активни градежни компании во Македонија изнесува 4.322 со околу 45.000 вработени.

Градежните компании учествуваат со околу 6,1 отсто во вкупно активните и со 6,8 проценти во вкупниот број вработени во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...