Гугл Стрит Вју во Македонија за развој на туризмот

Скопје, 22 септември 2014 (МИА)  - Гугл објави дека од денеска започнува со снимање на локации низ Македонија, со цел подобрување на квалитетот на функцијата Стрит Вју во рамките на апликацијата Гугл Мапс.

Почнувајќи од 29 септември, во Скопје и Битола, како и во други поголеми градови во земјава, ќе бидат снимени тродимензионални фотографии, а наредната година истото ќе продолжи и во другите помали места. Планирано е да се покрие колку што е можно повеќе од патната мрежа, како и најинтересните места во земјата.

Министерството за информатичко општество и администрација имаше активна соработка со претставници на Google, со кои оствари повеќе средби со цел воведување на овој сервис во Македонија.

Според Ивановски, благодарение на Гугл Стрит Вју Македонија може да се види во нова „димензија“, преку компјутер или паметен телефон.

- Ова е особено важно за туризмот што ќе придонесе  за подобро позиционирање на Македонија на светските  туристички атрактивни дестинации, каде што убавината на нашата земја може да се види од кој било уред поврзан со интернет, оцени министерот Ивановски.

Street View е функција на Google Maps лансирана во мај 2007 година и веќе е достапна во 59 земји. Исто така, таа е достапна на Google Earth и на Google Maps за мобилни телефони. Функцијата им овозможува на корисниците полесна навигација преку виртуелно панорамско истражување на улиците

- Слушаме од многу наши корисници во Македонија дека би биле навистина возбудени да имаат Стрит вју достапно и во Македонија. Затоа денес сме особено среќни да го најавиме почетокот на возењето и да ги направиме убавите улици и градови на прекрасната Македонија отворени за корисниците низ целиот свет. Македонските бизниси и корисници исто така ќе уживаат во многуте бенефити на услугата, изјави Амита Катри, програмски менаџер за Стрит Вју во Гугл.

Од Гугл укажуваат дека за реализација на проектот се обратиле и до Дирекцијата за заштита на личните податоци. На сликите наменети за Стрит Вју, пред да бидат објавени, појаснуваат ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Кога сликите ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување со кликање на „репорт а проблем” опцијата на долниот лев агол на сликата, по што пополнуваат краток формулар каде наведуваат прецизно која слика треба да се замагли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...