Ви откриваме што се крие зад прескапото сместување на Јадранот

Дали цените на квалитетното сместување беа пренадувани во текот на летото? Многу луѓе по враќањето од годишниот одмор поминат на Јадранот ќе кажат дека потрошиле повеќе пари на сместувањето, патарините и траектите отколку на летната забава и доживувањата на самата дестинација, но рака на срце, зошто седумдневен престој во луксузна истарска вила со базен или некој објект од висока категорија треба да чини помалку од една недела скијање во соседните популарни ски дестинации?



За високо квалитетно сместување гостите се подготвени да платат повеќе, но и тука има простор за корекција на цените, тврди Недо Пенезиќ од Здружението за семејно сместување при Хрватската стопанска комора, толкувајќи ни како се случило тоа на почетокот на јули најквалитетните објекти, како наведените висококатегоризирани истарски вили со базени, значи во самиот шпиц на сезоната, не работат со полн капацитет.

- Тоа ви зависи од тоа со кого сте потпишале договор. Глобалните туроператори на цената која ја бара сопственикот додаваат своја маржа, а таа кај некои изнесува од 40 до 50 отсто. Но, проблемот е во тоа што гостинот кој платил повеќе за сместувањето кај специјализирани глобални туроператори, кога ќе дојде на дестинацијата, гледа дека истото сместување во соседството е поефтино, што предизвикува дел од гостите да бараат директни контакти – вели Пенезиќ.

Изнајмувачите, поучени од тоа да ги дерат глобалните туроператори, се обидуваат сами да дојдат до гостите, а некои се свртуваат на помалите домашни агенции или популарните интернетски портали од кои Booking.com е во галопирачки подем.

- Глобалните туроператори вистина добро ја работат својата работа и обезбедуваат подолга пополнетост, но таквиот систем на основање на цените доведе до надминување на дозволеното ниво. Меѓутоа ниту сопствениците ниту агенциите не сакаа да се откажат од делот на износот. Резултатот беше тоа дека првите три недели во јули беа прескапи, а тоа е време кога нашите традиционални гости кои вообичаено летуваат во куќи за одмор, како Баварец, поради доцното почнување на училишните празници се уште не одат на одмор. На јулската дупка се надоврза и лошото време со долготрајни дождови, а со оглед на тоа дека цената е прескапа за останатите пазари, се случи некои од најквалитетните објекти во почетокот на јули да имаат слаба пополнетост или беа празни – вели Пенезиќ.



Системот на основање на цените беше превисок па гостите се свртуваа кон други поконкурентни пазари. – Мислам дека се виде дека повеќе не можеме така да се однесуваме. Сопствениците на сместувањата и партнерите мора да соработуваат, да ја следат состојбата на пазарот и да се прилагодат на политиката на цените, а со тоа да понудат можеби пакет аранжман така гостинот за иста цена да добие нешто повеќе. Економската криза е и гостинот исто така гледа на секоја куна. Пазарот се сегментира, гледаме дека го збришаа интернетските портали за букинг.

Домашните агенции плаќаат и ДДВ, а странските агенции не, што значи дека како сопственик на апартман на пример од порталот Booking.com ќе ја добиете саканата нето цена за сместување и ќе ви фактурираат 15 отсто за секој букиран ден, но ќе мора да платите и 25 отсто данок на додадена вредност на таа провизија за услугите при посредување – вели Недо Пенезиќ, порачувајќи во име на приватните изнајмувачи собрани во Здружението на семејно сместување ХГК, дека е време главите да се стават на куп и да се анализира ланската сезона и добро да се подготват за уште поконкурентната туристичка сезона во 2015 година.

Претседателот на Здружението на хрватските патнички агенции УХПА и потпретседател на Европските здруженија на туристичките агенции ECTAA Борис Жгомба, по прашањето за високите цени поради големите маржи на туроператорите, истакнвуа дека пред се треба да се одвои она што ја чини основната цена на изнајмувачите и она што е надградба, т.е. делот кој оди во специјализираните туроператори, агенции и понудувачи на интернетски услуги.

- Процесот е сличен како во случај на производителите на домати кои ги купува Конзум и ги продава во своите продавници. Нормално е дека тие домати во продавница ќе бидат поскапи. Во самото зголемување на цените на туристичките производи погрешно е да се каже дека причината е само во маржата или агенциската провизија. Она што го оптоварува туристичкиот производ се фискалните трошоци, ДДВ од 25 отсто, потоа трошоците за дистрибуција, продажба и маркетинг, а тоа се тие трошоци кои се потребни изнајмувачот да има видлив апартман.

Алтернатива на тоа е дека изнајмувачот, ако на пазарот настапи поединечно, мора да потроши дупло повеќе. Секако, прашање е колку која агенција го цени својот труд, а тоа е работа на договор. Приватниот изнајмувач треба да се праша дали тоа што го добива е соодветно на она што го плаќа. Секако и на агенција која однапред инвестира пари, во интерес и е со букинг да го врати инвестираното – вели Борис Жгомба.


На прашањето дали за нашите изнајмувачи повеќе се исплати соработка со домашните или со странските агенци, Жгомба ги препорача домашните агенции, а еве и зошто смета дека тие се во предност: Суштината е во тоа, на странските портали, интернетските агенции и на слични глобални организации кои се бават со туристичко посредување не е примарен само еден производ и некоја наша дестинација. Тие работат на глобално ниво и не даваат толку колку што може да даде домашна агенција. На пример туристичката агенција на Крк ќе вложи поголеми напори бидејќи е повеќе мотивирана, па како стопански субјект во локалното опкружување и самата ќе придонесе на тоа опкружување. Домашните туроператори ќе имаат подобра и поквалитетна комуникација бидејќи подобро ги познаваат предностите на дестинациите – вели претседателот на УХПА.

Ја поздравува идејата за создавање на берза на приватни изнајмувачи, но оценува дека тоа е долг процес. Имено, вели Жгомба, идејата е добра, но со оглед на количината на креветите во приватното сместување и многу различните интереси кои треба да се обединат, очигледно ни претстои напорна работа.

Т-портал - Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...