ММФ со предупредување за раст на банкарството од сенка

Њујорк, 2 октомври 2014 (МИА) - Слабо регулираното „банкарство од сенка“ е зголемено до огромни размери во глобалниот финансиски систем и претставува се поголем ризик за стабилноста на голем број држави, особено за САД, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

Банките во сенка во светот управуваат со средства вредни 60.000 милијарди долари, наведува ММФ.

Банкарството во сенка вклучува легални, но слабо контролирани институции како што се фондови и финансиски компании во држави во развој кои преземаат пари од инвеститори и го позајмуваат како банки.

Работата на тие институции во изминатите шест години во светот е во пораст, но ММФ предупредува дека ризиците во банкарството во сенка се големи бидејќи такви компании зависат од краткорочно финансирање.

Во случај на паника, масовното повлекување средства од банките во сенка може да го потресе поширокиот финансиски систем и целокупната глобална економија, како што дел се случи во финансиската криза од 2008 година. По таа криза, моќта на банките од сенка е зголемена, наведува ММФ.

Во САД таквите банки имаат двојно повеќе средства отколку „обичните“ банки, а во еврозоната како и во држави во развој, нивните средства се вредни околу 60 отсто од средствата на банките.

Банкарство од сенка „цвета“ и во Кина каде банките се со контролирани каматни стапки што „штедачите“ ги тера да побараат подобар поврат на средства вон банките. ММФ е со проценка дека таквото банкарство во Кина е „тешко“ околу 35 отсто до 50 отсто од БДП на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...