Соработка меѓу комисиите за хартии од вредност на Македонија и Турција

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Македонија и Турција имаат добра соработка на економски план и тоа треба да се пренесе и на пазарот на хартии од вредност. 

Ова го констатираа првите луѓе на комисиите за хартии од вредност на Македонија и на Турција Елизабета Чингаровска и Вахдетин Ерташ на денешната прва средба која е почеток на, како што сметаат, идна плодна соработка и ќе биде можност инвеститорите од Турција да споделуваат информации во однос на бенефитите што ги нуди Република Македонија за инвеститорите. 

- Ова е прва билатерална средба која се надеваме дека ќе биде почеток на идна плодна соработка и размена на меѓусебни искуства со турската Комисија за хартии од вредност, изјави по средбата претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Елизабета Чингаровска.

Таа додаде дека е корисната помошта од страна на турската институција за поттикнување на домашниот пазар на хартии од вредност имајќи предвид дека на Истанбулската берза се тргуваат акции од една до 10 милијарди долари. 

Петседателот на Комисијата за хартии од вредност Ерташ изрази задоволство што во последните години се зголемува бројот на инвеститори во, како што вели пријателска Македонија.

Тој ги повика сите турски инвеститори да инвестираат во Македонија, а македонските реципрочно да инвестираат во Турција.

- Меѓу Република Македонија и Република Турција имаме добра соработка која датира одамна. Нашата соработка е важна од историски аспект, а Република Македонија и како географски простор е многу блиска до мојата матична држава, истакна претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Турција. 

Од македонската Комисијата за хартии од вредност сметаат дека средбата е од особена важност за економиите на двете држави, бидејќи со развојот на домашните пазари се придонесува кон зајакнување, унапредување на економската соработка и на билатералните односи.

За македонскиот пазар на хартии од вредност значајно е да има добра инвестициска база и поголема ликвидност, па затоа од овој работен состанок се очекува да произлезат и иницијатива за споделување на стручното знаење, но и на базата на инвеститори со Истанбулската берза како најголем пазар во евроазискиот регион, на кој се остварува дневен промет во милијарди долари, а тргуваат многу мали акционери и странски инвеститори од Азија и од Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...