Австриски компании бараат македонски партнери

од градежништвото и инфраструктурата

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Австриски компании од градежништвото, патната и железничката инфраструктура идниот месец доаѓаат во Македонија со цел изнаоѓање потенцијални партнери и воспоставување долгорочна соработка. 

Како што најави денеска Герхард Шлатл, трговско аташе при Амбасадата на Австрија, токму овие сектори се детектирани како дел од приоритетните за Македонија. Притоа, соработката нема да се ограничи само на проекти поддржани од ЕУ, како што се коридорите 8 и 10, туку напротив, ќе се прошири и на други, поддржани од финансиски институции како Светска банка.

- Со оглед дека моментно е актуелен ИПА 2 фондот концентриран на градежништвото и инфраструктурата, нашата цел е да донесеме австриски фирми кои ќе се обидат да ги пренесат своите технологија и знаење во Македонија. Работите тука се подобруваат, македонските компании покажуваат се поголем интерес и потреба за софистицирана технологија, истакна Шлатл на прес-конференција во Стопанската комора.

Според него, од австриските компании кои главно бараат дистрибутери, фирми за сервис или соработници со кои заедно би учествувале на локални тендери, досега 50 отсто успеале да најдат долгорочни партнери во Македонија, пред се, во делот на индустријата за храна и екологијата.

- Македонија е мал пазар на кој добрите фирми веднаш се детектираат. Нашата цел е да создадеме платформа преку која потенцијалните партнери ќе можат да се сретнат, а натамошната соработка зависи од нив. Се фокусираме на дела, не на зборови, напомена Шлатл.

Тој најави уште еден настан што ќе се организира на 6 и 7 ноември во Виена. Станува збор за бизнис форум со панел дискусии на три теми: „прехранбена индустрија“, „грантови од ЕУ“ и „двојно образование“ - систем што го негуваат Австрија и Германија, а подразбира можност младите во текот на своето образование да посетуваат компании и таму да добијат практични знаења за областа во која се квалификуваат. Програмата ќе ја креираат учесниците, преку интернет, на веб-страницата на форумот.

- Ваквите активности се во насока на уште поголема соработка зашто никогаш не можеме да кажеме дека е доста. Секогаш може повеќе и подобро. Обемот на трговија меѓу двете земји е се уште мал, но бележи континуиран раст и тоа е добро, посочи Шлатл, подвлекувајќи дека повеќе настани може да резултираат со повеќе инвестиции.

Австрија последните пет години го држи приматот на втор по ред инвеститор во Македонија.

- Од 1997 до 2013 година вложувањата се 484,3 милиони евра, факт кој дополнително стимулира политиките да се креираат во насока на барањата и на македонските и на австриските стопанственици. Најголемите капитални инвестиции биле во 2011 година, вкупно 64,42 милиона долари, рече Наташа Димеска Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори при Стопанската комора.

Оваа година, потенцираа Димеска Стојаноска и Шлатл, ќе заврши со реализирани пет бизнис настани меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...